wordpress counter

Зелен, енергетски смути

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (2 гласа, просек: 5,00 од 5)


Овој пијалак е одличен начин да се наполните со енергија токму во текот на овие студени денови. Освен енергија, ова смути е одличен извор на сите витамини и минерали кои му се потребни нашиот организам.

Се подготвува за 15-тина минути.

СОСТОЈКИ
● ½ шолја листови од магданос
● 4 листови кељ (да се отстрани тврдиот средишен дел)
● 1 шолја свежи или смрзнати бобинки (боровинки, малини, капини)
● 1 банана, исечена на тркалца
● 1 голема лажица мелени семки од лен

ПРИГОТВУВАЊЕ
Сите претходно наведени состојки се ставаат во блендер или соковник и се додаваат 2 литри вода. Се мешаат за да се добие хомогена смеса. Доколку смесата ви изгледа премногу густа, додадете уште малку вода.

Related Posts with Thumbnails