wordpress counter

Женски пијалак на годината

IBIZA ICE - ЖЕНСКИ ПИЈАЛАК НА ГОДИНАТА

Ibiza Ice е новиот коктел на база на вино, кој е лансиран ова лето и за кој веруваме дека ќе ги освои сите женски срца.

Засега, на располагање се два вкуса. Едниот е Sunset – мешавина од бело и розе вино со вкус на праска. Овој пијалак, налеан врз дробен лед, ќе ви даде освежувачки и жив вкус на сангрија. Одличен избор, како почеток на долгата вечер исполнета со играње на подиум.

Вториот вкус е White Isle, кој е мешавина од вино со лимон, диња и личи. Заедно со лед, плажа и сонце, секоја вечер ќе биде party вечер.

Според директорот на компанијата Ричард Хорвел, пијалакот e направен за да даде сјај на нај party островот на светот – Ибица.

Медитеранскиот вкус и софистицираното пакување се одраз на незаборавните доживувања и искуства на овој посебен островски свет.

Related Posts with Thumbnails