wordpress counter

Артичоки со бри сос

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (4 гласа, просек: 5,00 од 5)


Станува збор за едноставен, но мошне вкусен рецепт. При приготвувањето на овој рецепт бидете сигурни дека имате бри со врвен квалитет. Употребете многу мајчина душица и бадеми за убав вкус и крцкавост.

СОСТОЈКИ (2 порции)
● 2 големи артичоки, отстранета горната четвртина и дршките
● 100 гр бри, сечкано на парчиња
● ½ шолја павлака за готвење
● 1 жолчка
● ¼ шолја рендан пармезан
● 1 мала лажица листови од мајчина душица
● 2 големи лажици ситно дробени бадеми

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: во поголем сад ставете вода и малку сол. Варете ги артичоките десетина минути, а потоа добро исцедете ги. Во помал сад, измешајте ги сирењето и павлаката. Садот ставете го на умерен оган и оставете убаво да се истопи. Мешајте повремено.

Чекор 2: кога добро ќе се измеша смесата, исклучете го шпоретот. Ставете ја жолчката, пармезанот, мајчината душица и бадемите. Наполнете ги артичоките со смесата и наросете со уште малку пармезан. Вака приготвените артичоки ставете ги во сад за печење кој претходно сте го премачкале со масло. Печете кратко (10-тина минути) за да се добие крцкав вкус.

Related Posts with Thumbnails