wordpress counter

Авокадо полнето со крем сирење, ореви и виски

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (2 гласа, просек: 5,00 од 5)


Ова е еден необичен рецепт за нашето поднебје и поради тоа веруваме дека ќе ви се допадне. Нема ништо комплексно при неговото приготвување и затоа вооружете се со добра волја и следниве состојки за 4 лица:

• 2 плода авокадо
• 2 големи лажици сок од лимон
• 150 гр крем сирење по избор
• 1 мала лажица сенф
• 1 голема лажица виски
• ½ лажица црвен пипер
• 4 половинки ореви
• малку бибер

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: авокадото и крем сирењето мора да бидат ладни. Поради тоа, пред започнување на готвењето, ставете ги во фрижидер.

Чекор 2: пресечете го авокадото на половина, отстранете го јадрото (не целиот плод) и прелијте со лимон, за да не ја загуби бојата. Крем сирењето измешајте го со сенф, виски, црвен пипер и бибер.

Чекор 3: вака приготвениот фил ставете го во готварски шприц и наполнете ги половинките авокадо. Декорирајте со половинки ореви.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Зошто најмногу брза храна јадеме навечер

Луѓето од различни делови на светот јадат различна храна, но според податоците собрани од апликациите за следење на исхраната, кога...

Close