wordpress counter

Азиски „стир-фрај“ зеленчук

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (5 гласа, просек: 5,00 од 5)


Ова е едно од најомилените јадења на луѓето кои сакаат брза, вкусна и егзотична вечера за двајца.

СОСТОЈКИ
• 1 лажица масло од сусам
• 1 лажица вода
• 1 филџан брокула (само главите, без дршки)
• ½ голема бабура
• 1 чешне лук, истолчено
• 1 лажиче свеж ѓумбир, истолчен (како замена може и сув)
• ¾ филџан исечкани моркови
• 6 шитаке печурки (ако немате шитаке, заменете ги со друга печурка; доколку користите суви шитаке печурки, претходно ставете ги во вода како што е назначено во упатството)
• 1/3 филџан индиски ореви (по можност несолени)
• 1 филџан исечкана кинеска зелка
• 3 лажици пилешка или растителна супа од коцка
• 3 лажици соја сос
• 1 лажица густин

ПРИГОТВУВАЊЕ
Во голема Вок-тава, ставете ги маслото, водата, брокулата, бабурата, лукот и ѓумбирот (доколку користите свеж ѓумбир – ако користите сув ќе го додадете на самиот крај на готвењето, пред да го тргнете Вокот од ринглата). Гответе на среден оган околу 2-3 минути. Додадете ги морковите, печурките, индиските ореви и зелката, и гответе на најјак оган уште 5 минути.

Измешајте ги во еден сад супата, соја сосот и густинот, додадете ги во зеленчукот и гответе уште неколку минути. Послужете го зеленчукот без ништо, о комбинација со нудли од ориз, или пак по желба пред крајот на готвењето додадете претходно приготвено бело пилешко месо.

Преземено од karmakasha.mk

Related Posts with Thumbnails