wordpress counter

Брускети со јагоди, козјо сирење и балсамико

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (2 гласа, просек: 5,00 од 5)


Козјо сирење и јагоди е новиот гастрономски хит. Уште ако успеете да најдете свежи јагоди, ова ќе биде одлично јадење. Иако, ниту замрзнатите не се проблем. Внимавајте единствено на оцетот балсамико. Ако е неквалитетен, ќе ви го уништи јадењето. Најдобро е да биде од Модена, Италија.

СОСТОЈКИ
италијански леб
оцет балсамико
јагоди
свежо козјо сирење
сол и бибер

ПРИГОТВУВАЊЕ
Јагодите се маринираат во оцетот балсамико. Лепчето се потпекува, потоа врз него се нанесува козјото сирење, па на крај и јагодите. Додавате сол и бибер по вкус. Можете да сервирате со ситно насечкани листови свеж темјан.

*не се наведени прецизни количини на состојките – оставаме вие да решите колку богата ќе биде вашата брускета.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Супа од печена пченка, јогурт и мента

Вкусот и мирисот на печената пченка е речиси незаменлив. Кога на тоа ќе ја додадеме свежината што ја имаат јогуртот...

Close