wordpress counter

Чипс од цвекло

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (4 гласа, просек: 5,00 од 5)


Иако цвеклото во нашата македонска кујна најчесто е дел од салата или туршија, сепак постојат и други начини како да се искористи овој прекрасен плод. Еден од нив е и чипсот од цвекло.

Во продолжение следува и рецептот за овој несекојдневен тип на чипс.

СОСТОЈКИ
● 3 плодови на цвекло
● 1 ½ мала лажица маслиново масло
● спреј за готвење или масло за пржење

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: загрејте ја рерната на температура од 175 степени. Измијте и излупете го цвеклото. Потоа, исечете го на мошне тенки кругови. Ставете ги кругчињата цвекло во сад и измешајте ги со маслиново масло.

Чекор 2: попрскајте го садот за печење со малку спреј за готвење или намачкајте го со масло. Наредете ги парчињата цвекло и печете на температура од 175 степени. Печете околу 40 минути. Оставете цвеклото малку да се излади и сервирајте.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

MILK

©2009-2017. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

Врвни светски пекарници (2 дел)

Во првиот дел од статијата претставивме три пекарници кои се наоѓаат во Данска, Шведска и САД. Денес ќе уживаме во...

Close