wordpress counter

Чипс од јаболка

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (16 гласа, просек: 5,00 од 5)


Чипсот од јаболка е вкусна и деликатесна ужина или мезе додека гледате некој омилен филм или тв серија. Ја сакаат подеднакво и децата и возрасните. Покрај тоа, ова е одлична алтернатива на нездравите ужини кои ги консумираме секој ден.

СОСТОЈКИ
• јаболка
• јаболков оцет
• шеќер
• цимет
• вода

ПОДГОТОВКА
Во сад загрејте две лажици шеќер и четири лажици вода. Откако шеќерот ќе се истопи, додадете и половина лажица јаболков оцет и малку цимет. Тргнете го садот од оган.

Јаболката преполовете ги, извадете ги семките и потоа исечете ги на тенки кругови. Едната страна од јаболката потопете ја во сирупот од шеќер и потоа наредете ги во тава за печење.

Печете во шпорет на температура од 100℃ околу еден час. Откако ќе стане крцкав чипсот, извадете ја тавата од рерна. Оставете да се излади.

Related Posts with Thumbnails