wordpress counter

Чипс со сочен сос од печурки и сланина

Сите сакаме грицки, но понекогаш чувствуваме потреба да ги комбинираме и со нешто друго.

Пред две недели објавивме една таква комбинација, а денес ќе уживаме во чипс со сос од печурки и сланина.

СОСТОЈКИ
• 3 сушени печурки вргањ
• 120 мл врела вода
• 8 парчиња сланина со средна дебелина
• 1 праз (само белиот дел), исечкан ситно
• 4 чешниња лук, ситно сечкани
• 0.5 кг шампињони
• 1 мала лажица сол
• бибер
• 1 ½ мала лажица мајчина душица
• 240 мл премаз од сирење
• 480 мл кисела павлака

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: натопете го во вода сушениот вргањ и нека отстои 20-тина минути. Потоа, исцедете и исечкајте ги. Водата во која стоел вргањот сочувајте ја за подоцна.

Чекор 2: во меѓувреме, пропржете ја сланината на средна температура (по 5 минути од секоја страна). Кога ќе биде готова, ставете ја на салфетка за да ја впие маснотијата. Сочувајте дел од маслото во кое сте ја пржеле сланината. Сланината исечкајте ја на покрупни парчиња.

Чекор 3: во маслото од сланината, пропржете ги околу 2 минути празот и лукот. Додадете ги исечканите шампињони и вргањот, посолете и ставете бибер. Варете сè додека не омекнат печурките (помеѓу 5-8 минути). Потоа, додадете мајчина душица и оставете да се „крчка“ уште 2 минути. Смесата префлете ја на чинија и оставете да се излади.

Чекор 4: со помош на миксер, измешајте го премазот од сирење и постепено додавајте ја киселата павлака. Мешајте за да добиете хомогена смеса. Потоа, рачно вмешајте ги печурките, ¾ од сланината и две лажици од водата во која стоеше вргањот. Ако смесата е премногу густа, додадете уште малку од течноста.

На крај, остатокот од сланината и печурките додадете ги врз сосот. Комбинирајте со вашиот омилен чипс.

Related Posts with Thumbnails