wordpress counter

Домашно песто

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (8 гласа, просек: 5,00 од 5)


Песто е традиционален италијански сос кој потекнува од Џенова. Иако денес постојат бројни варијанти на овој вкусен сос, сепак, најпопуларен е оригиналниот песто сос со босилек – Pesto alla Genovese. Подготовката е мошне едноставна и не бара многу време.

СОСТОЈКИ
• 3 чешниња лук
• 100 гр пињоли
• 150 гр свеж босилек
• 200 мл маслиново масло
• сол и бел бибер
• 50 гр пармезан

ПОДГОТОВКА
Лукот се сече на мали парченца. Пињолите можете да ги пропржите на умерен оган (без масло), додека не добијат златно-костенлива боја и потоа оставете ги да се изладат.

Босилекот се сечка покрупно. Во сад се ставаат лукот, ладните пињоли и босилекот, додека маслиновото масло се додава на крајот. Смесата се меша со миксер, сѐ додека не се добие кремаста маса која не смее да биде многу ситна.

На крајот, се ренда пармезанот и се додава сол и и бибер по желба.

Совет: пестото ќе ја задржи својата зелена боја подолго време ако додадете лажица витамин Ц во прав. Најдобро е да се чува во стаклен сад. Се послужува со сите видови тестенини, а одлично оди и со пица и сендвичи.

Related Posts with Thumbnails