wordpress counter

„Доритос“ со црвен и бел сос

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (8 гласа, просек: 5,00 од 5)


Денешниот рецепт го посветуваме на два соса (црвен и бел) кои може лесно и едноставно да ги приготвите и да ги искомбинирате со „Доритос“ чипс. Ќе добиете вкусен и зачинет меѓуоброк за секоја прилика.

Црвен сос

СОСТОЈКИ
• кељ
• мелено месо
• мали домати
• сланина
• кромид и лук
• пиперка (една лута, една блага)
• сол и пармезан
• сос од домати

ПРИГОТВУВАЊЕ
Во тава за пржење ставете го исчеканиот кромид и малку пропржете. Потоа додадете го меленото месо и оставете да се динста. Откако водата ќе испари, додадете ги претходно сварениот кељ и малку сланина. Повторно, откако дел од водата ќе испари, ставете ги пиперките, малите домати, лукот и многу малку сол. На крајот, додадете го доматниот сос и варете уште 5-10 минути. Откако ќе го тргнете садот од оган, изрендајте пармезан и црвениот сос е подготвен.

.

Бел сос

СОСТОЈКИ
• вргањ
• пиперка
• кромид и лук
• крем сир
• кисела павлака
• малку павлака за готвење
• босилек и жалфија
• сол

ПРИГОТВУВАЊЕ
Пропржете малку кромид во масло и потоа додадете ги вргањот, сечканата пиперка и лукот. По 10-тина минути пржење на силен оган, додадете ги крем сирот, киселата павлака, павлаката за готвење и жалфијата. Промешајте убаво, посолете и сервирајте со малку свеж босилек.

Related Posts with Thumbnails