wordpress counter

Егзотични идеи за палачинки (1 дел)

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (6 гласа, просек: 5,00 од 5)


Палачинките се еден од нашите омилени десерти. Имаат неутрален вкус и пуфкаст изглед кој може да се комбинира на безброј начини. Покрај оние кои кај нас ги користиме, во овие два дела од статијата ќе ви предложиме и неколку поинакви и повкусни комбинации, кои од палачинките ќе направат вистински сладок специјалитет.

Боровинки и банана
Станува збор за комбинација која ретко кој ја користи. Кремастата структура на бананата и овошниот вкус на боровинките ќе ѝ дадат вистинска структура на палачинката.

Путер од кикиритки и желе
Ова е навистина добитна комбинација. Овие две состојки одлично се комбинираат не само кај палачинките, туку и кај препечени или обични лепчиња, како и крофни.

Портокал, ѓумбир и мед
Веќе знаеме дека палачинките одлично одат со јаворов сируп, но комбинацијата од луто, кисело и слатко е веројатно нешто на кое сите ќе „паднеме“. Пробајте ги палачинките со овие состојки. Нема да зажалите.

Чоколадни палачинки
Овие палачинки се измислени за сите оние кои се вљубеници во чоколадото. Секако, внимавајте со приготвувањето, затоа што чоколадото не трпи превисоки температури. Ако сакате хит, го имате во овој специјалитет.

Related Posts with Thumbnails