Француски тост со смокви
Кога ќе помислиме на тост, прво што ни паѓа на ум е печено лепче полно со кашкавал, салама и печурки. Меѓутоа, тостот може да биде и сладок и повторно да биде вкусен. Затоа, денес ви презентираме еден таков тост – француски тост со смокви.
СОСТОЈКИ
• 3 парчиња леб
• малку путер
• 4 јајца
• 10 цл павлака за готвење
• 2 големи лажици кафен шеќер
• џем од смокви
• 4 модри смоквиПРИГОТВУВАЊЕ
Изматете 2 јајца со помош на вилушка и потоа додадете ја павлаката која исто така ќе ја промешате.Ставете малку путер во сад за пржење и загрејте на умерена температура. Ставете ги трите парчиња леб (едно по едно) во садот со јајца и добро навлажнете ги во смесата. Потоа, ставете ги во тавата за пржење и во истовреме додадете го и кафениот шеќер во тавата. Испржете од двете страни.
Во меѓувреме, пресечете ги смоквите на четвртинки. Сервирајте со џем од смокви и свежи смокви.
