wordpress counter

Ќофте во сос од сланина

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (4 гласа, просек: 4,00 од 5)


Ќофтињата се неизоставен дел од нашата македонска трпеза. Но, денешниот предлог е малку поинаков. Ќофтињата ги комбинираме со сос од сланина, со цел малку да избегаме од рутината.

СОСТОЈКИ
• 500 гр мелено месо
• 1 главица кромид
• 3-4 чешниња лук
• 200 гр сланина (панчета)
• 200 гр моцарела
• 1 кисела павлака
• сол и бибер
• 1 прашак за пециво
• 200 гр масло
• 1 пакување тестенини

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: ситно исчекајте го кромидот и ставете го во меленото месо. Додадете една кесичка прашок за пециво, сол и бибер и со раце добро измешајте ја смесата. Оставите да отстои околу половина час.

Чекор 2: ќофтињата направете ги со средна големина и пржете ги во врело масло. Во меѓувреме, можете да го приготвите сосот.

Чекор 3: исечканата сланина се пржи кратко, потоа ја додаваме павлаката и моцарелата исечкана на ситни коцки. Мешајте сè додека не добиете хомогена смеса. Потоа се додава ситно исчекан лук и со овој сос се преливаат ќофтињата.

Ќофтињата може да ги послужите со тестенини „ал денте“.

Related Posts with Thumbnails