wordpress counter

Крем супа од костени

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (3 гласа, просек: 5,00 од 5)


Оваа богата супа од костени ни е наследство од регионот Оверњ во централна Франција. Крем супата од костени ќе биде одличен избор за предјадење овој викенд.

СОСТОЈКИ (за 6 порции)
• 4 големи лажици путер
• 1 кромид, исечкан
• 1 морков, исчекан
• 1 страк целер, исечкан
• 1 чешне лук
• сол и бибер
• 700 гр костени (варени и излупени)
• 1/3 шолја crème fraiche
• 1 голема лажица шери (амонтиладо)

ПОДГОТОВКА
Загрејте го путерот во сад, на умерен оган. Додадете кромид, морков, целер и лук. Посолете и варете со повремено мешање, сѐ додека не омекне зеленчукот (околу 20 минути).

Додадете 6 шолји вода, костени и сол. Варете на умерен оган околу 45 минути, односно додека костените не омекнат.

Пирето ставете го во блендер и добро измешајте. Потоа, вматете ја crème fraiche и додадете бибер и шери. Супата се сервира топла.

Related Posts with Thumbnails