wordpress counter

Маринирани лигњи на жар

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (4 гласа, просек: 4,75 од 5)


Приготвувањето на овој прекрасен рецепт трае околу 45 минути. Можете да го сервирате како главно јадење и да уживате во посебниот вкус.

Единствено што треба да направите е да ги маринирате лигњите и да ги свртите неколку пати на скара.

СОСТОЈКИ (за 4 лица)
● 450 гр лигњи, чистени
● 3 мали лажици оризово вино
● 2 лажици ѓумбир, рендан
● ½ шолја соја сос

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: направете маринада од соја сос, ѓумбир и оризово вино. Одвојте половина мала шолја од маринадата. Во остатокот од маринадата ставете ги лигњите. Маринирајте 10-тина минути на собна температура со едно вртење на лигњите.

Чекор 2: вклучете ја скарата. Секоја лигња се пече по 4-5 минути со постојано вртење (на 30-тина секунди) и со премачкување од маринадата која ја одвоивме претходно. Со тек на печењето, проѕирните лигњи ќе добијат бела боја, ќе станат меки и ќе ослободат богата арома. Сепак, внимавајте да не се препечат затоа што ќе станат како гума.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

MILK

©2009-2017. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

Рижото од тиква и вргањ

Тиквата е карактеристичен есенски плод. Богата е со антиоксиданси, диететски влакна, магнезиум, калиум и витамини Б, Ц, Е и К....

Close