wordpress counter

Палачинка „Into The Wild“

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (1 гласа, просек: 5,00 од 5)


Постојат илјадници начини како да ги сервирате палачинките кои сте ги приготвиле (ако не и повеќе). Денешниот наш предлог е една интересна комбинација од различни продукти, која веруваме дека досега не сте ја приготвувале.

СОСТОЈКИ (за фил за 1 палачинка)
• 50 гр праз
• 50 гр крем сирење
• 7-8 топчиња капар
• 100 гр чаден лосос
• 1 мала лажица маслиново масло
• ликер од анис

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: сварете го празот, исцедете го и откако ќе се излади, исечкајте го на ситни парченца. Сечканиот праз измешајте го со крем сирењето. Направете ја палачинката (голема).

Чекор 2: додека палачинката се пече на едната страна, нанесете го филот од праз и крем сирење по средината. Врз филот ставете тенки парчиња лосос, топчиња капар и прелијте со маслиново масло. На крај, додадете неколку капки ликер од анис.

Чекор 3: кога палачинката ќе добие златно-кафена боја и ќе стане крцкава, тргнете ја од оган. (не се врти, туку се пече само од една страна). Преклопете ја, а на врвот како декорација ставете малку праз и капар.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Патувања на кои ќе качите некој килограм

Патувањата за време на летниот период најчесто се поврзуваат со одмор и уживање. Во тоа спаѓа и дегустирањето на локалните...

Close