wordpress counter

Палачинки со печурки, гриер и спанаќ

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (1 гласа, просек: 5,00 од 5)


Ова е класичен француски рецепт, во кој веруваме дека ќе уживате. За 8 порции, ќе ви бидат потребни следниве:

СОСТОЈКИ
• 2 шолји брашно
• 1 шолја млеко
• ¾ шолја ладно светло пиво
• 2 јајца
• сол и бибер
• 2 шолји пропржени сечкани печурки по избор
• 1 шолја рендано гриер сирење
• 4 шолји спанаќ
• 8 пржени јајца

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: за да ги направите палачинките, измешајте ги брашното, млекото, пивото, јајцата, сол и бибер, како и ¾ шолја вода. Ставете сè во блендер и мешајте, сѐ додека не добиете хомогена смеса. Покријте ја смесата и оставете ја во фрижидер 2 часа.

Чекор 2: ставете од тестото во широк сад (за да добиете голема палачинка) на оган, додадете печурки, гриер, спанаќ, сол и бибер. Печете сè додека палачинката одоздола не добие златно-кафена боја (околу 4 минути). Преклопете ја палачинката на половина, ставете го прженото јајце и преклопете ја уште еднаш.

Bon Apetit!

Related Posts with Thumbnails