wordpress counter

Панини со авокадо, моцарела и песто

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (5 гласа, просек: 5,00 од 5)


Завршија и велигденските и првомајските празници. Веруваме дека сте направиле бројни, вкусни специјалитети. Со оглед дека во текот на овие два празника се јаде многу месо и се внесуваат масти, за денес ви предлагаме едноставен сендвич полн со вкусови.

СОСТОЈКИ

за песто
Домашно песто

за панини со авокадо и моцарела
• 1 чијабата лепче
• 2 авокада, излупени, исечкани првин на ¼ и потоа на тенки кришки
• 2 зрели домати, исечкани првин на ¼ и потоа на тенки кришки
• 250 гр моцарела
• 2 големи лажици маслиново масло

ПОДГОТОВКА
Секое панини треба да има три слоја. Затоа, исечете го чијабата лепчето на тенки делови и потпечете ги. На долниот и на средниот слој наредете првин авокадо, а врз него домат. Зачинете со сол и бибер.

Издробете моцарела и наредете ја врз доматите. На крајот ставете лажица песто. Ставете го последниот слој од лепчето. Премачкајте со маслиново масло.

Завиткајте ги панините во алуминумска фолија и ставете ги во рерна или на решетка од скара. Потпечете ги панините на умерена температура (околу 5 минути).

Исечете ги панините на 4 дела (како клуб сендвич). Сервирајте во чинија додека се топли.

Related Posts with Thumbnails