wordpress counter

Паштета од хумус и намаз од пиперки и лешник

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (3 гласа, просек: 5,00 од 5)


Замислете си мал стаклен сад полн со некоја вкусна паштета или лесен намаз со кој можете да го надополните прекрасниот ручек. Денешната статија е наменета на две токму такви предјадења.

Паштета од хумус

Состојки: 200 гр леблебија, 150 мл маслиново масло, 2 мали лажици сусам, 3 чешниња лук, сок од 1 лимон, сол и бибер, малку ким и малку црвен пипер.

Приготвување: потопете ја леблебијата во вода и оставете да отстои преку ноќ. Следниот ден, сварете ја за да омекне целосно. Пропечете го кратко сусамот, за да добие златна боја. Промешајте ги во блендер изладените леблебии со малку вода во кои се вареле, сусам, лук, лимон и маслиново масло. Зачинете со сол и бибер. Пред сервирање, посипете ја паштетата со малку сусам, ким и црвен пипер.

.

Намаз од печени пиперки и лешник

Состојки: 200 гр печени пиперки (чистени), 50 гр лешници, 2 тенки кришки леб, 2 чешниња лук, ½ мала лажица чили, сол, 75 мл маслиново масло, 2-3 мали лажици оцет

Приготвување: испечете ги лешниците на 180 степени, 8-10 минути. Додека се врели, ставете ги во кујнска крпа и истријте ги. Премачкајте ги кришките леб со маслиново масло и потпечете ги на 180 степени, 10-тина минути. Во блендер, измешајте ги лешниците, чили, лук, препечените лепчиња, пиперките, сол и оцет. Во текот на мешањето, полека додавајте го маслиновото масло, додека не ја добиете посакуваната густина.

Овој намаз е инспириран од традиционалниот каталонски сос „romesco“, кој најчесто се сервира со риба.

Related Posts with Thumbnails