wordpress counter

Печен сладок компир со смокви

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (2 гласа, просек: 5,00 од 5)


За денес ви претставуваме еден посебен рецепт од слатки компири и смокви. Можете да го сервирате како гарнир кон главното јадење или да го приготвите за рана вечера.

СОСТОЈКИ (4 порции)
● 4 слатки компири (околу 1 кг)
● 5 лажици маслиново масло
● 3 лажици оцет балсамико
● 1 ½ мала лажица шеќер
● 12 парчиња млад кромид (сечкани на големина од 4 см)
● 1 лута црвена пиперка, без семки и тенко исечкана
● 6 смокви, исечени на четвртини
● 150 гр козјо сирење
● морска сол
● бибер

Приготвување
Чекор 1: загрејте ја рерната на 240 степени. Измијте ги компирите, преполовете ги надолжно и потоа секоја половина исечете ја на три плочки. Додадете три лажици масло, сол, бибер и наредете ги во сад за печење. Печете околу 25 минути за да омекне компирот. Оставете да се изладат.

Чекор 2: загрејте го оцетот заедно со шеќер до точка на вриење. Потоа, намалете ја температурата и варете уште 2-4 минути за да добие на густина. Тргнете ја смесата од оган додека уште е течна затоа што со ладење ќе се згусне. Ако е  премногу густа, пред сервирање можете да додадете неколку капки вода.

Чекор 3: со остатокот од маслото пропржете го кромидот и пиперката (околу 4-5 минути). На чинија, сервирајте сладок компир, пржен кромид и пиперка, малку маслиново масло, смокви и попрскајте со смесата од балсамико и оцет. На крај, декорирајте со дробено козјо сирење.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

MILK

©2009-2017. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

Пржено тофу со зеленчук

Овој рецепт е совршен кога сакате ручек без месо, а посебен е затоа што можете да го приготвите во секоја...

Close