wordpress counter

Печена тиква со салата од цикорија, ореви и пармезан

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (2 гласа, просек: 5,00 од 5)


Сезоната на тикви подразбира и готвење на мошне вкусни јадења од овој есенски плод. Денешниот предлог може да го сервирате како прекрасна вечера во вашиот топол дом.

СОСТОЈКИ

за тиква
● 2 тикви (околу 2,5 кг), исечени на половина (отстранети семки и корен)
● ½ шолја суво грозје
● 1 јаболко, без лушпа и сечкано на коцки
● малку цимет
● 1 голема лажица кафен шеќер
● 1 мала лажица сол
● ½ мала лажица бибер
● 4 големи лажици путер

за салата
• 1 средна цикорија со отстранет долен дел
• ¾ шолја сечкани ореви
• ¼ шолја рендан пармезан
• ¼ шолја маслиново масло
• 1 голема лажица балсамико
• ¼ мала лажица сол
• ¼ мала лажица бибер

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: загрејте ја рерната на 220 степени. Ставете го сувото грозје во половините тиква. Ставете по една лажица путер во секоја половинка. Поделете ги рамномерно и коцките јаболко, цимет, кафениот шеќер. Зачинете со сол и бибер.

Чекор 2: ставете ги половините тиква во сад за печење кој сте го обложиле со фолија. Налејте ¼ шолја вода. Покријте ги тиквите со фолија, затворете убаво и печете околу 1 час.

Чекор 3: наредете ги листовите цикорија во подлабока чинија за сервирање салата. Ставете ги оревите и добро измешајте. Додадете ги пармезанот, маслиновото масло, оцетот, сол и бибер. Измешајте убаво.

Чекор 4: сервирајте ги заедно полнетата тиква и салатата. Во исто време консумирајте од двете јадења за да ја почувствувате уникатната комбинација на слатката тиква и киселата текстура на цикоријата.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Слатки и солени кроасани како вкусен појадок

Класичниот француски појадок не се приготвуа лесно, но трудот секако ќе ви се исплати. Денес ви претставауваме два рецепти токму...

Close