wordpress counter

Пилешко со брусница

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (2 гласа, просек: 5,00 од 5)


Сите знаеме дека брусницата е полна со витамин Ц, има антисептичко дејство, штити од рак и уште многу други болести. Тоа што не го знаеме е од каде потекнува и како воопшто се сетил народот да го јаде тоа ситно, топчесто растение. Индијанците од Северна Америка се првите кои го откриле ова овошје. Во моменти на недостиг на храна биле приморaни да ја пробаат брусницата, ја нарекуваат Сасаманаш (кисела бобинка), а заклучиле дека всушност е многу корисна. Ја користеле како лек, храна и боја.

Овој рецепт со пилешко и брусница е една идеја како да го зачините пилешкото месо. Рецептот е многу брз и лесен за приготвување.

СОСТОЈКИ
• 400 гр свеж пилешки стек
• 100 гр дехидрирана брусница
• 25 гр путер
• 1 лимон, исцеден
• вегета

ПРИГОТВУВАЊЕ
Во загреано, со масло подмачкано тавче, ставете го путерот да се растопи. Пилешкото посолете го со мешан сув зеленчук и додадете го во тавчето. Пропржете го на силен оган, од двете страни, додека да зарумени.

Додадете ги брусниците и лимоновиот сок. Потоа, исклучете го огнот и садот поклопете го со капак. Оставете го уште 5-6 минути да впие од сокот од лимон и брусница. За гарнир можете приготвите ориз, компир или некоја салата.

Вака подготвеното пилешко ќе биде сочно, меко и особено вкусно, а ќе ви одземе само 15-тина минути за неговата подготовка. Брзо, сочно, меко и вкусно Што ви треба повеќе?

Совет: комбинирајте го секој залак со зрно брусница. Ќе биде неверојатно вкусно.

Related Posts with Thumbnails