wordpress counter

Похувана моцарела

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (4 гласа, просек: 5,00 од 5)


Ова е рецепт за убав, неформален ручек со некој близок. Најважно од сè е дека мора да биде приготвен токму пред да се послужи. Во спротивно, ризикувате да направите невкусно јадење.

СОСТОЈКИ (2-3 лица)
• 2 шолји моцарела
• масло за пржење
• 2 јајца
• брашно зачинето со сол и бибер, за похување
• лебни трошки

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: пресечете ја моцарелата на трклаца со дебелина од 1,5 сантиметар. Нежно отстранете ја течноста со салфетка. Во меѓувреме, загрејте го маслото за пржење. Јајцата изматете ги во мал сад. Во друг сад ставете од зачинетото брашно и во трет сад лебните трошки.

Чекор 2: ставете го парчето моцарела во брашно од двете страни. Потопете го во матените јајца и на крај, ставете лебни трошки од двете страни.

Чекор 3: се пржи во врело масло. Откако ќе се испржи, моцарелата се става на салфетка за да се впие вишокот маснотија. Се служи топло.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Таљатели со сланина, печурки и пињоли

За приготвување на овој рецепт ќе ви бидат потребни 25-30 минути. Кога ќе го направите првпат, ќе добиете вкусно јадење...

Close