wordpress counter

Полнети компири со кашкавал и печурки

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (13 гласа, про­сек: 4,62 од 5)

Кога треба да при­го­твите јадење за повеќе луѓе, многу е тешко да под­го­твите нешто со кое сите ќе бидат задоволни.

Треба да сми­слите јадење кое е соста­вено од едно­ставни состојки, кои ќе бидат при­фа­тени од пове­ќето гости. Совр­шена ком­би­на­ција за такви ситу­а­ции се компири и кашка­вал. Во таков слу­чај, нема да погрешите.

Овој рецепт, кој прет­ста­вува балкан­ска ком­би­на­ција од швај­цар­скиот раклет и лазањи, е вку­сна и кре­а­тивна ком­би­на­ција, напра­вена од состојки кои се оми­лени за многумина.

СОСТОЈКИ
• 8 компири со иста голе­мина
• 200 гр шампи­њони или вргањ
• 100 гр кашка­вал (еда­мер или друг пого­ден за топење)
• 1 гла­вица кро­мид
• маг­до­нос, лук, сол, бибер
• беша­мел сос

ПРИГОТВУВАЊЕ
Излу­пете ги компи­рите и ста­вете ги да се варат. Кога ќе бидат малку омек­нати (дово­лно за да можете да ги издла­бите), исе­чете ги на поло­ви­нина и на сре­дина издла­бете ги со лажица.

Во меѓу­време, исец­кајте и издин­стајте го кро­ми­дот, сѐ додека не добие златно-кафена боја. Потоа, дода­дете ги исец­ка­ните печурки.

Посебно напра­вете беша­мел сос со мар­га­рин, бра­шно и млеко, или можете да ста­вите само хопла за готвење. Дури е уште топол беша­ме­лот, дода­дете ги сите состојки. Со сме­сата напо­лнете ги компи­рите, зачи­нете по ваш вкус и ста­вете ги да се печат во огно­от­по­рен сад.

Печете 20 минути, дури не доби­јат зла­те­ста боја.

Bon Apetit!

Related Posts with Thumbnails

Коментирај

Коментирај

колектив™

©2009-2012. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

Останато во Fancy