wordpress counter

Прокељ со млад спанаќ

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (1 гласа, просек: 5,00 од 5)


Лесно јадење од зеленчук приготвено со динстање е вистински деликатес за секој вљубеник во зелениот зеленчук. Приготвувањето трае 30-тина минути и може да се серивра како прилог кон главното јадење.

СОСТОЈКИ (4 порции)
● 450 гр прокељ
● 2 големи лажици маслиново масло
● 1 голема лажица јаболков оцет
● 1 голема лажица јаворов сируп
● 4 шолји млад спанаќ
● малку сол
● ½ мала шолја бадеми

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: раздвојте ги листовите прокељ еден по еден. Ставете ги во посебен сад, додека срцевината нема да ви биде потребна. Во поголем сад за пржење налејте маслиново масло и загрејте го.

Чекор 2: пржете ги листовите прокељ околу 30-тина секунди. Потоа додадете оцет и јаворов сируп и убаво промешајте. Во садот додадете ги спанаќот и со мешање пропржете додека не омекне спанаќот.

Чекор 3: зачинете со сол и посипете со бадеми. Се сервира веднаш.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

MILK

©2009-2017. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

Пикантна супа од домати

Супата од домати е една од најпопуларните супи во повеќето земји. Постојат голем број на варијанти на ова топло предјадење,...

Close