wordpress counter

Пропржен карфиол со ореви

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (2 гласа, просек: 5,00 од 5)


Ако веќе се решите да приготвите пржен карфиол, тогаш комбинирајте го со ореви, токму како во овој рецепт. Кога на тоа ќе му дадеме и малку кромид и зачини – ќе добиеме навистиина посебно јадење.

СОСТОЈКИ
● 2 големи лажици маслиново масло
● ½ главица карфиол, цветовите исечени со големина на залак
● ½ голема главица кромид, исечена на четвртини
● ½ шолја сечкани ореви
● малку мускатно оревче
● сол и бибер

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: загрејте го маслиновото масло во сад за пржење. Откако ќе се загрее маслото, додадете ги парчињата карфиол. Пржете сè додека не добијат златно-кафена боја. По потреба, вртете ги парчињата за да се испржат поеднакво.

Чекор 2: по 5 минути, намалете ја температурата, додадете ги оревите и кромидот и садот затворете го. Промешајте на секои две минути и динстајте околу 10 минути. Зачинете со мускатно оревче, сол и бибер.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Најмалите ресторани на светот

Секој поголем град во светот има големи и луксузни ресторани во кои можете да пробате буквално сè. И тоа не...

Close