wordpress counter

Ракчиња во зачини

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (2 гласа, про­сек: 5,00 од 5)

Мор­ската храна, освен што е вку­сна, таа е и одли­чен избор кога ста­нува збор за нашето здра­вје. Овој пат ви ја серви­раме кла­си­ката на мор­ската храна – рак­чиња, заедно со тревки и зачини.

СОСТОЈКИ (4 пор­ции)
• 24 рак­чиња (во оклоп)
• 3 чешниња лук, ситно исеч­кани
• 3 големи лажици насеч­кан боси­лек
• 1 голема лажица лив­чиња од мај­чина душица
• 2 големи лажици исеч­кан маг­до­нос
• 1 голема лажица толчен црн бибер
• сок од 1 лимон
• 4 големи лажици масли­ново масло
• 8 лово­рови листови
• 1/4 шолја сла­нина (исеч­кана на мали коцки)

ПОДГОТОВКА
Изва­дете го окло­пот на рак­чи­њата и исчи­стете ги така што ќе напра­вите мал засек со ноже, со цел да ја отстра­ните долгата црна вена. Потоа, во дла­бок сад изме­шајте ги лукот, трев­ките и зачи­ните, бибе­рот, сокот од лимон и масли­но­вото масло. Рак­чи­њата ста­вете ги во оваа смеса, добро изме­шајте ги, покријте го садот и оста­вете го во фри­жи­дер околу 6 часа. На тој начин, рак­чи­њата ќе бидат добро маринирани.

Наре­дете ги рак­чи­њата на ста­пче за ражен­чиња. На секои две рак­чиња ста­вете ливче ловор и малку сла­нина. Со чет­кичка поми­нете ги ражен­чи­њата со пре­о­ста­ната мари­нада. Испе­чете ги на скара.

Related Posts with Thumbnails

Коментирај

Коментирај

колектив™

©2009-2012. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

Останато во Fancy