wordpress counter

Ratatouille

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (4 гласа, просек: 5,00 од 5)


„Рататуј“ е француско, поточно провансалско јадење. Се состои од разни видови зеленчук, кои се подготвени како вариво. Веруваме дека се сеќавате на познатиот филм и овој специјалитет. Гурман™ ви подарува наш рецепт за токму таков француски „Ratatouille“.

СОСТОЈКИ
• ½ главица кромид, убаво исечкана
• 2 чешниња лук, ситно исечкани
• 1 шолја пире од домати
• 2 големи лажици маслиново масло
• 1 мал модар домат
• 1 мала тиквичка
• 1 мала тиква
• 1 црвена бабура
• свежа мајчина душица
• сол и бибер
• малку меко козјо сирење

ПОДГОТОВКА
Загрејте ја рерната на 190℃. Нанесете го пирето од домати на дното на овален сад за печење. Ставете ги лукчето, кромидот и една лажица маслиново масло. Потоа, додадете сол и бибер.

Отстранете ги дршките на модриот домат, тиквичката, тиквата и бабурата. Потоа, со помош на остар нож, исечкајте го зеленчукот на многу тенки кругови.

Редете ги во редови, во кои ќе ставате наизменично од секој тип на зеленчук, и тоа од надворешниот кон внатрешниот дел на тавата. Откако ќе завршите со зеленчукот, додадете ја и преостанатата една лажица маслиново масло, сол и бибер и попрскајте со мајчина душица.

Покријте го садот за печење со хартија за печење, така што хартијата нема да излегува надвор од рабовите на садот. Печете 45-55 минути, односно додека зеленчукот не започне да ги испушта своите сокови и сосот од домати не започне да испушта топчиња воздух.

Сервирајте со парче меко козјо сирење, крцкаво француско лепче или варен ориз.

Bon Apetit!

Related Posts with Thumbnails