wordpress counter

Рецепти со „Кока Кола“ за оние со авантуристички дух (1 дел)

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (4 гласа, просек: 5,00 од 5)


„Кока Кола“ е еден од најпопуларните пијалаци на светот. Интересно е дека може да се искористи во подобрување на вкусот на различни јадења. Ние денес ви предлагаме токму такви рецепти, со кои ќе се тргнат предрасудите за овој пијалак, чиј таен рецепт ви го окривме неодамна.

Пилешко печено во „Кока Кола“

Маринирајте пилешко месо (стек, батак, карабатак, гради, крилца) во сос од „Кока Кола“, сол и бибер. Оставете да отстои барем 3-4 часа (најдобро преку цела ноќ). Ако сакате месото да биде доволно сочно, направете дупчиња во него, за да може сосот полесно да навлезе. Печете го месото во рерна на средна температура околу 35 минути.

.

Сос за скара со „Кока Кола“

Доколку немате време за експериментирање, тогаш направете комбинација од вашиот омилен сос за скара и „Кока Кола“ во однос 50:50. Доколку сепак сакате да експериментирате, тогаш обидете се со следното: исечкајте виолетов кромид и пржете го додека не омекне. Пред самиот крај на пржењето, додадете две чешниња ситно сечкан лук. Кога лукот ќе ја добие онаа нежна жолтеникава боја, додадете малку кечап, 2 дл „Кока Кола“, една лажица Ворчестер сос, 2 лажици оцет и една мала лажица сенф. Варете околу еден час и не дозволувајте сосот да почне да врие.

Related Posts with Thumbnails