wordpress counter

Рецепти со „Кока Кола“ за оние со авантуристички дух (2 дел)

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (4 гласа, просек: 5,00 од 5)


Во првиот дел од статијата ви предложивме два интересни рецепти, во кои како состојка се користи и „Кока Кола“. Станува збор за Сос за скара и Пилешко месо со „Кока Кола“. Денес претставуваме уште два рецепти.

Печен компир со „Кока Кола„

Премачкајте го дното на садот со тенок слој на масло и потоа наредете го компирот, кој претходно сте го излупиле и исекле на четвртини. Додадете и крупно насечкан виолетов кромид, 2 дл сос од домати, малку сланина и две лименки „Кока Кола“. Печете во претходно загреана рерна, на температура од 200℃, околу 60 минути.

.

Сладолед со „Кока Кола“

Одберете чаши за куп од сладолед. Важно е чашите да бидат со тесно дно, кои потоа се шират нагоре. Прв чекор е да наполните 1/3 од чашата со „Кока Кола“. Потоа, постепено ставајте топки сладолед во неа. Кога ќе ја наполните чашата до ¾, многу внимателно налејте малку „Кока Кола“ одозгора, за да се направи убава пена. Потоа, наросете малку чоколадо и сервирајте веднаш.

Related Posts with Thumbnails