wordpress counter

Салата од краби, диња и босилек

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (2 гласа, просек: 5,00 од 5)


Необичните гастро комбинации некако се заштитен знак на летото. Токму таква е и салатата на нашето денешно мени. Важно е да одберете мошне зрела и слатка диња, а ако сакте да екпериментирате, можете да искористите и лубеница.

СОСТОЈКИ (за 2 лица)
• 1.5 кг диња
• чили
• 2 големи лажици маслиново масло
• сок од една лимета
• 12 големи листови босилек
• 250 гр месо од краба

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: излупете и исчистете ја дињата од семки. Плодот исчете го на коцки. Ставете ја во сад. Во друг сад, измешјате чили во прав (или 1 чили пиперче), налејте маслиново масло и сок од лимета и зачинете со сол и бибер. На крај, додадете ги листовите босилек, кој претходно крупно сте ги исчекале. Убаво промешајте.

Чекор 2: ставете ги парчињата диња во садот во кој се наоѓа сосот со босилек и чили. Мешајте нежно, за да не се распаднат коцките диња. На крајот, додадете ги и парчињата месо од краба и послужете.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Од мали нозе готвачи

Желбите и афинитети на децата потребно е да се препознаат од мали нозе. Но, не треба да се застане тука....

Close