wordpress counter

Салата со брокула

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (5 гласа, просек: 5,00 од 5)


Време е да внесете малку од магијата на Џејми Оливер во вашата кујна. Ова е рецепт на фантастичниот англичанец, креиран за сите оние кои сакаат салати во кои има и малку месо во нив. На овој начин, ќе ги натерате и мажите да го прифатат оброкот – салата и да уживаат во него.

Инаку, италијанската сестра на карфиолот, брокулата, е полна со витамини и диететски влакна, со што се зајакнува имунитетот. Таа има антибактериско и антиканцерогено дејство. Го штити срцето и го стопира развитокот на канцерогените клетки во организмот. Најпрепорачливо е да се вари до 3-4 минути, за да ги задржи сите својства или да се конзумира свежа.

Во овој рецепт, освен што ќе ги добиете сите привилегии на брокулата, ќе уживате и во малку суво месо.

СОСТОЈКИ (за 6 лица)
• 2 поголеми главици брокула
• 8 парчиња чадена сланина (средна дебелина)
• 3 сецкани домати
• 1 китка млад кромид (ситно сецкан)

за сосот
• половина чешне лук (истолчен)
• 2 кафени лажици сенф
• 6 супени лажици маслиново масло
• 2 супени лажици бел вински оцет
• морска сол и бибер

ПРИГОТВУВАЊЕ
Првин, ситно исецкајте ја брокулата и потоа ставете ја во солена зовриена вода една минута, за да омекне. Обидете се да не ја преварите и внатре да остане крцкава. Убаво исцедете ја и ставете ја во сад за сервирање.

Сланината пропржете ја во маслиново масло, сѐ додека не порумени и не стане крцкава. Додадете ја во салатата, а маслото што ќе ви остане можете да го искористите за подготовка на сосот. Додадете ги доматите и младиот кромид.

за сосот
Во сад убаво промешајте ги лукот, сенфот, маслиновото масло, оцетот, солта и биберот, за да се соединат. Откако ќе се соединат во сос, додадете го во салатата. Можете да декорирате со бело сирење или чили пиперчиња, за да го зајакнете вкусот.

Bon Apetit!

Related Posts with Thumbnails