wordpress counter

Сендвич со сочно свинско месо

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (2 гласа, просек: 5,00 од 5)


За овој рецепт ќе ви бидат потребни само 10-тина минути активна работа, но и два часа стрпливо чекање. Според нас, за вкусот што ќе го добиете – вреди да се чека и повеќе. Да не зборуваме за неодоливиот мирис кој ќе се рашири околу вас.

СОСТОЈКИ (за 8 сендвичи)
● 30 гр кафен шеќер
● ½ мала лажица кајен бибер
● сол и бибер
● 1.5 кг свинска плешка
● 350 мл јаболков оцет
● 4 чешниња лук, издробени
● 8 печива за сендвич

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: загрејте ја рерната на 180 степени. Во сад, промешајте шеќер, кајен бибер, 1 лажица сол и 1 лажица бибер. Ставете го свинското месо во огноотпорен сад со капак. Нанесете ја смесата од зачини по целото месо.

Чекор 2: во друг сад, измешајте оцет, лук и 120 мл вода и сето тоа прелијте го преку месото. Затворете го садот и ставете го на најнискиот држач во рерната и печете околку 2 до 2.5 часа.

Чекор 3: префрлете го печеното месо на работна површина, а сокот во кој се печело месото сочувајте го во друг сад. Иситнете го месото и ставете го во садот со сокот. Потоа наредете го месото во печивото за сендвич и декорирајте со зелена салата.

Related Posts with Thumbnails