wordpress counter

Сладок сенф од брусници

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (2 гласа, просек: 5,00 од 5)


Слаткиот „сенф“ од брусници одлично се комбинира со месо, особено месо од мисирка, а нема да погрешите ако го ставите и во разни сендвичи (со шунка, на пример).

Русите го консумираат и со црвено месо, па ако приготвувате говедско, еве еден начин да направите тоа да биде необично.

СОСТОЈКИ (за 1 тегла, околу 500 гр)
● ¾ шолја сушени брусници
● 2/3 шолја сок од портокал или јаболко
● 2 шолји свежи брусници
● 3 големи лажици шеќер
● ¼ шолја мед
● 1 голема лажица маслиново масло
● 1 мал виолетов кромид, ситно исчекан
● 1 голема лажица сенф
● морска сол и бибер

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: ставете ги сушените брусници во сад и додадете сок од јаболко или портокал за да ги прекриете. Оставете да се сварат и потоа тргнете ги од оган. Во следните 30-тина минути, промешувајте ги од време на време. Измешајте ги свежите брусници со 1 шолја вода и ставете ги на оган додека не зоврие водата. Намалете го огнот и оставете да крчка уште 5 минути. Потоа, додадете ги шеќерот и медот. Мешајте додека не се растворат.

Чекор 2: загрејте го маслиновото масло и пропржете го на него кромидот. Додадете оцет и сенф и гответе уште 5 минути. Измешајте ги сите брусници и сокот во еден сад и зачинете по вкус.

Чекор 3: процесирајте ги сите состојки во блендер. Ставете го добиениот сенф во стеризлирана тегла и затворете убаво со капак. Оставете да се излади и потоа консумирајте. Рокот на траење му е до две недели. Се чува исклучиво во фрижидер.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

MILK

©2009-2017. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

Швајцарска салата со сирење

Оваа салата е вкусно предјадење кое ќе го отвори апетитот на сите домашни. Не бара многу време за приготвување, а...

Close