wordpress counter

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (3 гласа, просек: 5,00 од 5)

Денес, на менито ви предлагаме јадење на база на зеленчук, кое се подготвува со печење и на тој начин се зачувуваат многу од хранливите состојки. Подготовката трае околу 45 минути, има малку состојки и е одличен прилог кон главното јадење.

СОСТОЈКИ
• 1 главица виолетова зелка, ситно насечкана
• 3 мали лажици кафеав шеќер
• 1 голема лажица вода
• сок и изрендана кора од 1 портокал
• 1 зелена и црвена чили пиперка, исечкана
• 2 големи лажици вински оцет
• 3 големи лажици маслиново масло

ПОДГОТОВКА
Вo тава за пржење ставете маслиново масло, вода, кафеав шеќер, оцет, сок и кора од портокал. Варете на умерен оган околу 5 минути.

Исечканата зелка и чили пиперката ставете ги во огнотпорен сад и прелијте ги со сосот кој претходно го подготвивте (зачувајте 2 лажици). Затворете го садот со капак или алуминиумска фолија во два слоја.

Печете на средна температура, со постојана проверка и со долевање на сос доколку е потребно.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

колектив™

©2009-2012. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

Останато во Fancy