wordpress counter

Слатко-солено: Пилешко со ананас и тарагон

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (2 гласа, про­сек: 5,00 од 5)


Оваа недела, изне­на­дете се себе си или сво­ите бли­ски со посе­бен слатко-солен спе­ци­ја­ли­тет. Иако името може да звучи сло­жено, сепак при­го­тву­ва­њето не е такво. Затоа, засу­кајте ги рака­вите и напра­вете го следното:

СОСТОЈКИ (за 4 лица)
• 4 гран­чиња тара­гон
• сол и бибер
• 1 пиле, пре­се­чено на пар­чиња
• 8 млади кро­мит­чиња
• 2 големи лажици оцет
• ½ лажица шеќер
• 1 мала лажица путер
• 2 шолји ана­нас, исечкан

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: во мал сад изме­шајте 2 гран­чиња тара­гон (исеч­кани), 1 мала лажица сол и ¼ мала лажица бибер. Целото пиле­шко месо истријте го со оваа смеса. Пиле­шкото ста­вете го во сад за печење така што пар­чи­њата месо нема да се допи­раат. Ста­вете во фри­жи­дер пред да го ста­вите во рерна.

Чекор 2: во блен­дер, ста­вете ги ана­на­сот, сеч­ка­ните млади кро­миди, оце­тот, шеќе­рот и поло­вина мала лажица сол. Блен­дајте околу 2 минути.

Чекор 3: нане­сете ја сме­сата со ана­нас врз месото. На кра­јот ста­вете малку путер. Дода­дете го оста­то­кот од тара­гон и малку млад кро­мид. Прет­ходно, загрејте ја рер­ната на 220 сте­пени. Печете околу 50 минути.

Bon Apetit!

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

Spam Protection by WP-SpamFree

MILK

©2009-2014. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

Останато во Fancy