wordpress counter

Солени колачи од шкампи

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (2 гласа, просек: 5,00 од 5)


Овие солени колачи водат потекло од тајландската кујна. Имаат интересен вкус, за кој веруваме дека ќе ви се допадне.

Подготовката е едноставна, треба само да се обидете.

СОСТОЈКИ (за 4 лица)

за колачи
● 250 гр чистени шкампи
● ½ црвена бабура
● ½ главица кромид
● 2 чешниња лук
● ½ жолта бабура
● 3 лажици мајонез
● ½ мала лажица сенф
● лебни трошки
● малку лута пиперка
● сол и бибер

за похување
● масло за пржење
● лебни трошки
● јајца

за прелив
● 1 лажица мед
● мало парче ѓумбир
● лута пиперка
● соја сос по вкус
● сок од ½ лимета
● бибер
● 1 лажица вода

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: издинстајте ги кромидот и шкампите. Кога ќе се изладат, ставете ги во чинија и додадете ги сите состојки: сечкани бабури, сенф, мајонез, лута пиперка, лебни трошки, сол и бибер. Сите состојки убаво соединете ги за да добиете смеса. Од смесата направете мали плескавици. Плескавиците ставете ги во матени јајца, потоа во лебни трошки и пржете ги на средно-јака температура.

Чекор 2: направете прелив од мед, рендан ѓумбир, малку луто пиперче, сок од ½ лимета, соја сос и вода со бибер. Сварете го оризот и исчистете ја салатата.

Чекор 3: сервирајте на чинија ориз, салата, прелив и колаче од шкампи.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Диета според хороскоп (1 дел)

Можеби ви делува како шега, но диетата според хороскоп станува сè попопуларна во светот. Луѓето им се обраќаат на астролози...

Close