wordpress counter

Суфле од сирење

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (5 гласа, просек: 5,00 од 5)


Еден убав рецепт кој е одличен избор за брза вечера. Одлично се комбинира со зелена салата и убаво друштво. А сега, да ги засукаме ракавите и да го приготвиме.

СОСТОЈКИ (за 4 лица)
• 60 гр маргарин
• 40 гр брашно
• 1 мала лажица густин
• 1 мала лажица сенф
• ¼ мала лажица лута пиперка
• малку оригано
• 250 мл млеко
• 130 гр рендано сирење
• 20 гр пармезан
• 5 јајца
• зелена салата

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: на тивок оган, во сад, растопете го маргаринот. Додадете брашно и добро измешајте (минута до две). Потоа, на таа смеса додадете им ги млекото и густинот. Зачинете со сенф. Потоа, ренданото сирење, ориганото и толчената лута пиперка ставете ги во смесата.

Чекор 2: изматете ги жолчките од јајцата и во нив изрендајте пармезан. Измешајте убаво и додадете ги во смесата со сирење. Варете на умерен оган со повремено мешање.

Чекор 3: изматете ги белките и промешајте ги во смесата. Загрејте ја рерната на 190 степени. Суфлето ставете го во калапи кои претходно сте ги намачкале со малку маргарин. Печете околу 20 минути.

Декорирајте со зелена салата и сервирајте топло.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Фестивали на храна кои не се пропуштаат (2 дел)

Во вториот дел од оваа статија набројуваме уште 5 фестивали кои треба да се посетат, според пишувањето на светски популарното...

Close