wordpress counter

Супа од ориз со јаворов сируп

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (3 гласа, просек: 5,00 од 5)


Ова е вкусна кремаста супа, која е избалансирана со додавање на интегрални житарки и сладок јаворов сируп. Главно, овој рецепт се поврзува со француската кујна и можеби затоа, за првпат, се појавува во Квебек, Канада.

СОСТОЈКИ (за 6 лица)
• 6 шолји пилешка супа (направена со коцка за супа)
• 2/3 шолја интегрален ориз
• 1 шолја млад кромид, ситно исечкан (може и стар кромид)
• ¼ шолја брашно
• 2 големи лажици мајчина душица
• сол и бибер
• 1 шолја печурки, ситно сечкани
• 2 големи лажици јаворов сируп
• 2 шолји млеко и павлака за готвење

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: во длабок сад за готвење, сварете вода со коцка за пилешка супа и ориз. Варете додека не зоврие водата. Потоа, поклопете го садот и варете на умерен оган уште 40-тина минути со повремено мешање.

Чекор 2: по 40-тина минути, додадете го кромидот и варете уште 5-10 минути за да омекне оризот.

Чекор 3: во мал сад, измешајте ги млекото, павлаката за готвење, мајчината душица и биберот. Целата смеса додадете ја кон супата и добро измешајте. Ставете ги печурките и продолжете со варење за да згусне супата (околу 15 минути).

Чекор 4: на крај, наросете бибер, додадете сол и јаворов сируп. Сервирајте во чинии за супа. Декорирајте со зелени делови од млад кромид, ситно исечкани.

Related Posts with Thumbnails