Свеж јогурт – сирење сос
Ова е едно од највкусните додатоци кон јадењето кои имаат мала масленост. Може да го употребите за зеленчук, чипс или едноставно да го премачкате врз багет или рустично лепче. Порција од одвој сос има само 44 калории и полна со ароматични тревки.
Подготовката е подолготрајна, но затоа и задоволството ќе биде поголемо кога ќе го сервирате.
СОСТОЈКИ
• 0,5 литар јогурт
• 2 мали лажици свежи тревки и зачини: босилек, оригано, мајоран, мајчина душица, магдонос, рузмарин, или ½ мала лажица црн или бел бибер, коријандер или чили во правПОДГОТОВКА
Подгответе цедалка за јогурт, сито или малечка цедалка со три слоја. Поставете чиста газа или хартија за филтер кафе. Поставете ја цедалката или ситото врз голем сад.
Налејте го јогуртот и покријте го со пластична фолија. Садот оставете го во фрижидер околу 24 часа. Потоа, процедете убаво и отстранете ја течноста.
Измешајте ги зачините со сирењето кое сте го добиле од јогуртот. Потоа, покријте го садот и оставете го во фрижидер уште една недела. Сервирајте по две големи лажици по порција.
Совет: Одберете јогурт кој не содржи желатин, за да не го спречи создавањето на сирењето.


(8 гласа, просек: 4,75 од 5)






Коментирај