wordpress counter

Таљатели во сос од вино и сливи

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (2 гласа, просек: 5,00 од 5)


За денес ви предлагаме уште еден рецепт за тестенини во комбинација со вино и сливи. Приготвувањето трае околу 40-тина минути, а постапката е лесна и едноставна.

СОСТОЈКИ (4 лица)
● 4 чешниња лук
● 1 морков, исечкан на кругчиња
● 300 гр пасирани домати
● 50 мл маслиново масло
● 300 мл црвено вино
● 300 гр јунешко месо, исечкано на коцки
● неколку суви сливи
● 50 гр пармезан
● 1 мала лажица мајчина душица
● ½ мала лажица кора од лимон
● 400 гр тестенини

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: во сад за пржење, налејте малку маслиново масло и пропржете го лукот. Потоа, додадете го морковот и пасираните домати. Налејте 150 мл вино и варете 15-тина минути со повремено мешање.

Чекор 2: потоа, додете го и преостанатото вино и варете во наредните 15 минути. Додадете ги и сувите сливи. Во меѓувреме сварете ги таљателите според упатството на пакувањето.

Чекор 3: во друг сад пропржете ги на малку маслиново масло и коцките јунешко месо и потоа додадете ги кон сосот со вино. Зачинете со мајчина душица и кора од лимон. Измешајте ги таљателите со сосот и сервирајте со пармезан.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Чоколадни колачиња со ликер од роза

Мали чоколадни колачиња или како што уште се нарекуваат - чоколатини, се одличен десерт за кое било време од денот....

Close