wordpress counter

Тестенини со панчета и печурки

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (5 гласа, просек: 5,00 од 5)


Тестенините се секогаш добар избор за било кој оброк во текот на денот. Ги има во мал милион комбинации, а ние денес се решивме за тестенини со панчета, печурки и сос од црвено вино.

СОСТОЈКИ (за 4 лица)
● 3 дл говедска супа
● 2 дл црвено вино
● 3 големи лажици маслиново масло
● 350 гр свежи печурки
● морска сол и бибер
● 200 гр панчета, ситно насечкана
● 40 гр путер, исечен на коцки
● 3 големи лажици сечкана жалфија
● 1 голема лажица исечкан рузмарин
● 450 гр тестенини
● рендан пармезан

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: загрејте ги супата и виното до вриење, а потоа намалете го огнот и варете уште 15-20 минути (да остане 2,5 дл течност). Во сад за пржење, загрејте 2 лажици масло и пропржете ги печурките. Зачинете со сол и бибер и потоа ставете ги на чинија.

Чекор 2: загрејте го преостанатото масло и додадете ја панчетата. Пржете 10-тина минути. Додадете ги супата, виното и зачините. Загрејте неколку минути за да стане погусто. Потоа, додадете ги и печурките.

Чекор 3: сварете ги тестенините според упатството на пакувањето. Процедете ги и сочувајте половина шолја од водата во која сте ги вареле. Измешајте ги тестенините со смесата со печурки. Мешајте на умерен оган и додавајте лажица по лажица од водата (околу 5 минути). Сервирајте со пармезан.

Related Posts with Thumbnails