wordpress counter

Тестенини со сос од пржени лешници

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (3 гласа, просек: 5,00 од 5)


Тестенините не би биле толку вкусни доколку не се комбинираат со некаков сос или прелив. Ние денес ви даваме слобода да го одберете видот на тестенини кој го сакате, а ви предлагаме неверојатно вкусен сос од лешници кој ќе ви помогне да направите вистинска вкусна хармонија.

СОСТОЈКИ (за 4-6 порции)
• 150 гр рикота
• 125 мл маслиново масло
• 120 гр мелени, пржени лешници
• 80-100 гр пекорино
• 2 лажици мајоран
• сол и бибер
• тестенини

ПОДГОТОВКА
Во длабок сад ставете вода. Пред да зоврие, посолете и ставете ги тестенините. Сварете ги „al dente“ и исцедете ги.

Ситно изрендајте го пекорино сирењето, додека мајоранот ситно исечкајте го. Рикотата можете кратко да ја измиксирате. Постепено доадавајте маслиново масло во неа и мешајте сѐ додека не добиете кремаста смеса.

Додадете ги и лешниците, пекорино сирењето и мајоранот. Измешајте, посолете и измелете свеж бибер (најдобро зелен). Миксајте кратко, за да може сите состојки да се поврзат.

Сварените тестенини прелијте ги со сосот од лешници и послужете ги веднаш.

Bon Apetit!

Related Posts with Thumbnails