wordpress counter

Топло предјадење со печурки и рукола салата

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (7 гласа, просек: 4,86 од 5)


Со доаѓањето на студените денови, полека им се враќаме на топлите предјадења кои го отвораат патот за главниот оброк.

Токму на половина од оваа недела, ви претставуваме едно убаво (за вкусно не мора ниту да потенцираме) предјадење. Совршена комбинација од повеќе состојки и „БИМИЛК Пекорино“.

СОСТОЈКИ
• 4 парчиња италијанска панчета (може и чадена сланина или пршута)
• 4 средно големи вргањ печурки
• 1 лажица маслиново масло
• 1 црвен кромид, исечкан на ливчиња
• 1 чешне лук, мелен
• 1 лажица црвено вино или јаболков оцет
• 1 лажичка шеќер
• морска сол и мелен бибер (по желба)
• 1 лажиче семе од синап
• 4 подебели парчиња леб (најдобро чијабата)
• 75 гр рукола
• малку ладно цедено маслиново масло
• свежо рендано „БИМИЛК Пекорино“

ПРИГОТВУВАЊЕ
Загрејте маслиново масло во тава, додадете ја панчетата и пржете ја додека не добие златно-жолта боја и не стане крцкава. Извадете ја од маслото и оставете ја да се изцеди на впивлива кујнска хартија, а маслото и маснотиите од панчетета оставете ги во тавата.

Ставете ги во тавата печурките, заедно со кромидот и лукот. Покријте и пржете ги на умерен оган околу 2 минути од секоја страна. Додајте го оцетот, шеќерот, солта, биберот, семето од синап и 50 мл вода. Варете го сето тоа додека шеќерот не се раствори, а потоа вратете ја панчетата во тавата и задржете ја топла.

Испечете го малку лебот во тостер. Ставете по 2 парчиња во секоја чинија за сервирање. Ставете врз секое парче по неколку ливчиња од рокула и попрскајте со ладно цедено маслиново масло. Ставете врз рокулата една печурка и потоa секоја прелијте ја со мешавината од сланина и кромид заедно со сите сокови од тавата. Посипете ги со рендано „БИМИЛК Пекорино“ и сервирајте веднаш.

Bon Apetit!

Related Posts with Thumbnails