wordpress counter

Тортички од козјо сирење со салата од цвекло

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (4 гласа, просек: 5,00 од 5)


Ова е рецепт за едно интересно предјадење богато со различни вкусови и ароми. Тортичките од козјо сирење одлично се комбинираат со салата од цвекло или салата од рукола.

Ние денес одбравме да ги комбинираме со салата од цвекло.

СОСТОЈКИ

за тортички
• 500 гр лиснато тесто
• магданос, ситно сечкан
• 3 јајца
• 100 гр пармезан
• 200 гр козјо сирење
• сол и бибер
• 50 мл павлака за готвење

за салата од цвекло
• 350 гр цвекло
• шеќер
• сол
• мајчина душичка

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: сите состојки се мешаат заедно и се зачинуваат според желба. Исукајте го тестото за да биде тенко и пресечете го. Наполнете го со смесата од сирење и покријте го со друго парче лиснато тесто. Рабовите на тестото притиснете ги со вилушка, премачкајте со јајце и потоа печете.

Чекор 2: сварете го цвеклото во солена вода. Потоа, излупете и насечкајте го на ситни коцки. Во загреан сад за пржење ставете путер и додадете го цвеклото. Посипете го цвеклото со шеќер и полека карамелизирајте. Додадете мајчина душичка, сол и бибер. Сервирајте со тортичките од козјо сирење.

Related Posts with Thumbnails