wordpress counter

Туна стек на медитерански начин

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (2 гласа, просек: 5,00 од 5)


Туната може да се приготвува на бројни начини, но ние денес се решивме за туна стек приготвен на медитерански начин. Поради овој специјалитет ќе ви бидат благодарни и вашето здравје, но и вашите гурмански апетити.

СОСТОЈКИ (за 4 порции)
● 6 големи лажици маслиново масло
● 4 парчиња туна стек
● сол и бибер
● 1 кромид, ситни исечкан
● 2 чешниња лук, иситнети
● 3 лажици капари (10 минути да киснат во вода)
● 10 зелени маслинки, ситно сечкани
● ¼ шолја суво грозје
● 5 мали домати, ситно сечкани
● 1 шолја вода
● 2 големи лажици сечкан магданос
● 4-5 листови босилек
● 1/3 шолја пиноли

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: во подлабок сад загрејте го маслиновото масло. Зачинете ја туната со сол и бибер и пропржете ја од двете страни по 3-4 минути. Ставете ја туната во чинија.

Чекор 2: во истиот сад, пропржете го кромидот за да омекне. Потоа, додадете ги лукот, капарите, сувото грозје и доматите и продолжете со варење уште 2 минути. Ако е потребно додадете 1 шолја вода.

Чекор 3: вратете ја туната во садот за пржење, затворете го со поклопец и варете на средна температура додека туната не биде целосно сварена.

Чекор 4: во меѓувреме направете сос од босилек, магданос, сол, бибер и маслиново масло. Сервирајте ја туната прелиена со сос и декорирана со пињоли претходно стиснати на тост.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Две нови врсти на грозје

На неодамна одржаната конференција на винската индустрија во Њујорк беа претставени две сосема нови врсти на гројзе наречени „Arandell“ и...

Close