wordpress counter

WALDORF САЛАТА, СОФ(Р)ИСТИЦИРАНО!

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (1 гласа, просек: 5,00 од 5)


Flickr

Во светот на кулинарството и угостителството, постојат неколку термини што означуваат егзотично од една страна и класично уживање, од друга страна. Тоа се специјалитети што постојат со години, кои еволуираат во чекор со времето и не престануваат да бидат во центарот на вниманието на гурманите ширум светот.

Ако во далечните 1890-ти години инстантен хит била Waldorf салатата, направена од јаболка, целер и мајонез, денес поим за префинетост е современата верзија на оваа класика. Следејќи ги темпото и вкусот на модерните Европејци, Waldorf салатата се претвори во деликатес со многу варијации. Со внесување неколку клучни моменти во подготовката и состојките, добиена е вистинска сетилна оаза. Додадени се ореви и суво грозје за посебен шмек при вкусувањето, свежо-леден допир од нане и лимонов сок, морков за поздрава исхрана и шаренило во чинијата, за сè на крајот да биде една вкусовна симфонија. Наместо обичен мајонез, се прелива со нискокалоричен мајонез, јогурт или самостојно направен прелив по вкус. За уникатно доживување, јаболката се заменети со круши.

Waldorf салатата се вбројува во овошни салати, но се разликува од сите други по единствената комбинација на слатко-солени и свежо-кисели состојки. Покрај тоа, таа е лесна за јадење, не го оптоварува желудникот, а внесувањето калории во организмот е балансирано.

Да се одолее на Waldorf искуството е екстремно тежок предизвик. Разголеното овошје и зеленчук, суптилно обвиени во тенок слој на сласт, ќе ви го одземат разумот, по што ќе настапи хедонизам, чии траги ќе ги дразнат центрите за глад до следното Waldorf уживање. [МАЈА БАЛША]

СОСТОЈКИ
• сок од 1 лимон
• 4 зрели круши, излупени и сечкани
• 4 стапчиња целер, ситно сечкан
• 3 рендани моркови
• 125 г ореви, сечкани
• 150 г грозје
• листови свежо нане, грубо исечкани

Прелив
• 2 супени лажици вински оцет
• 1 супена лажица мајонез
• 1 супена лажица сенф
• 1 супена лажица растително масло
• сол и црн бибер по вкус

ПОДГОТОВКА
Лимоновиот сок растворете го во 120 мл вода во голем сад. Додадете ги крушите и валкајте ги во лимоновиот сок сè додека не се обојат. Потоа оставете ги 10 минути да се исцедат. За преливот земете ги сите состојки, ставете ги во еден сад и мешајте силно, сè додека не се соединат како мајонез-смеса. Потоа ставете ги целерот, морковите, оревите и сувото грозје во сад за сервирање. Додадете ги крушите и нането и потоа полијте со преливот.

Related Posts with Thumbnails