wordpress counter

Залачиња „Крвава Мери“

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (3 гласа, просек: 5,00 од 5)


Постои ли подобро предјадење за коктел забава од коктел во облик на предјадење? Ова предјадење слободно можеме да го наречеме „Крвава Мери“.

Покрај вообичаениот кујнски прибор, ќе ви бидат потребни и чили водка (во литар обична вотка ставете преполовена чили пиперка и нека отстои 5 часа во фрижидер), како и шприц и игла.

За 25 коктел залачиња ќе ви бидат потребни следниве:

СОСТОЈКИ
● ½ кг шери домати
● чили водка
● 1 поголем страк целер, исечкан на коцки, а листовите на ситни парчиња
● 10 феферонки, исчистени од семки и исечкани на третини

ПРИГОТВУВАЊЕ
Внимателно инјектирајте чили водка во шери доматите (токму на местото каде некогаш имало стебленце на горниот дел). Веднаш потоа, ставете го доматот на чепкалка. Над него набодете целер, потоа парче феферонка и неколку листови целер. На тој начин направете ги сите коктел залачиња. Изладете пред сервирање.

Related Posts with Thumbnails