wordpress counter

10 моменти во 1 појадок

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (3 гласа, просек: 5,00 од 5)


10 МОМЕНТИ ВО 1 ПОЈАДОК (Martin Cathrae • Flickr)

Значи, јајца и зеленчук. Ништо ново! Не е измислена топла вода, само е прикажан поинаков начин на консумирање на овој оброк, со неколку важни моменти.

МОМЕНТ 1 – Нема масло!
МОМЕНТ 2 – Има јајца, има протеини!
МОМЕНТ 3 – Има зеленчуци, има витамини!
МОМЕНТ 4- Богато со живи вкусови!
МОМЕНТ 5 – Богато со бои!
МОМЕНТ 6 – Потекнува од Мексико!
МОМЕНТ 7 – Порција за 4!
МОМЕНТ 8 – Се прави за 10 минути!
МОМЕНТ 9 – Секој може да го зготви!
МОМЕНТ 10 – Многу е фраерски да ја изненадиш саканата личност наутро со вака подготвен појадок!

P.S. Тоа што оваа статија се вика „појадок”, не значи дека овој рецепт е успешен само наутро. [МАЈА БАЛША]

СОСТОЈКИ
• ¼ филџан варена пченка
• 1 сечкана зелена пиперка
• 1 сечкана црвена пиперка
• 1 голем сечкан кромид
• 1 свеж сечкан домат
• 1 кафена лажичка бибер
• 6 јајца
• 1 филџан рендан кашкавал

ПОДГОТОВКА
Во тава за печење ставете ги пченката, пиперките, доматот, кромидот и зачинот. Покријте ги со алуминиумска фолија, и гответе ги во рерна на 250 степени или во микробранова на high, околу 5-6 минути. Кога ќе ја извадите од рерната, промешајте и проверете дали зеленчукот омекнал. Потоа, скршете ги јајцата врз зеленчукот, и прободете ја секоја жолчка. Кашкавалот посипете го врз јајцата. Повторно покријте ја тавата, и вратете го во рерна на висока температура да се готви уште 5 минути, дури да се зготват јајцата. Откако се ќе се зготви, извадете од рерната и оставете го 2-3 минути. Може да се сервира со павлака, јогурт, кечап или домашна салца.

Related Posts with Thumbnails